Атанасоски: Ако навистина имало прислушување, тогаш треба да имаме вистински независни институции кои ќе го истражат случајот и ќе ја спроведат институционално целата постапка, но во Македонија знаеме дека имаме тотално партизиран систем

од Nikola Popovski
59 прегледи Фото: Локално

Затоа имаме вакви теми од типот на „наводно прислушкување“ на премиерот додека бил лидер на опозицијата во очи на есенските локални избори. Тоест оваа „каша-попара“ од наратив и теми кои немаат допирна точка со ингеренциите на локалните власти, е всушност произволност и од електоратот кој никако да се научи да гласа согласно надлежностите на односите функционери, вели аналитичарот Благојче Атанасоски во разговор за „Локално“ за наводите за најновата афера со прислушување од страна на лица од АНБ и АР во изминатите години.

На прашањето колку е ова своевиден политички реваншизам, соговорникот посочува дека би било неблагодарно да се коментира во ваква политичка магла, дали станува збор за вистинско прислушкување или само дел од политичкиот фолклор.

-Ако е навистина, тогаш треба да имаме вистински независни институции кои ќе го истражат случајот и ќе ја спроведат институционално целата постапка, но во Македонија знаеме дека имаме тотално партизиран систем, во кој нема доверба никој: ниту функционерите (во опозиција), ниту граѓаните, односно институциите биле алатка на секоја власт која ги партизирала и ги контролирала за свои цели и интереси, истакнува Атанасоски.

„Каша-попара од наратив и теми во очи на локалните избори“: Нови наводи за прислушувања при политичка магла