Атанасоски: Македонија со одлуката да не ги прифати уставните измени се откажува од ЕУ и губи милиони евра од грантови

од Марта Пешевска
40 прегледи

Откако Владата реши да не ги прифати уставните измени, политички аналитичари предупредуваат дека земјата на некој начин се откажува од европскиот пат, барем на подолг рок. Политикологот Благојче Атанасоски во емисијата „24 Анализа“ потсетува дека отпочнувањето на преговорите со ЕУ носи значителни финансиски средства и грантови, кои сега се доведуваат во прашање.

„Со одлуката да не ги прифатиме уставните измени, всушност ја стопираме можноста да започнеме преговори со ЕУ, а со тоа губиме пристап до финансиски средства кои би помогнале во развојот на земјата. Ова е голема загуба за Македонија, и последиците ќе се чувствуваат долго време,“ вели Атанасоски.

Истовремено, на повидок е нов договор со Велика Британија. Според политикологот Иво Ранѓеловиќ, иницијативата не потекнува од македонската страна, туку Британија е таа што понудила финансиска поддршка, што Владата ја прифатила. Сепак, Ранѓеловиќ нагласува дека овој договор нема врска со евроинтеграциите.

Новинарот Мирче Адамчевски додава дека ваквите договори не се случуваат без интерес. Тој претпоставува дека глобалните геополитички промени ги мотивираат големите сили, како Британија и САД, да го зголемат своето влијание во регионот, особено кај земји кои досега биле на маргините.

Слични содржини