Апсолутно мислам дека ќе нема после овој изборен резултат предвремени парламентарни избори. Исто така огромен губитник на овие избори е владејачката ЗНАМ кои имаат огромен пад во гласачкото тело од минатогодишните парламентарни избори, вели политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски за ситуацијата по гласањето на локалните избори.
Според него, СДСМ е во клиничка смрт и прашање е на егзистенционален опстанок на оваа партија.
-Единствена голема победа на СДСМ е на градоначалникот Горан Герасимовски во Општина Центар и тоа го држи моралниот социјалдемократски компас во најурбаната скопска општина, истакнува Атансоски во анализа за „Локално“.