Го разбирам гневот и револтот кај народот во однос на тоа што се случува. Првиот ден протестите беа најавтентични и најмасовни. Потоа за жал протестите во Македонија се киднапирани од одредени политички структури, во моментов од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Ние гледаме дека сите протести потоа се партизираат, се радикализираат со одредена цел. Вистина е некаде на средина дека секогаш кај нас младите и дел од навивачките структури биле користени, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во емисијата „Само вистина“.
Според него, протестите се злоупотребени за да се јавне на бранот на јавното незадоволство.
-Опозицијата го гледа моментот за да протестира против Владата и францускиот предлог, за да им се зголеми рејтингот. Ако сме нормална демократска држава, МВР треба да ги испита сите случаи, но ние за жал немаме професионален орган во Министерството за видиме дали навистина се вметнати одредени структури или се реално поддржувачи на Левица, рече Атанасоски.