Треба чесно да признаеме. Знаеме како меѓународната заедница и западните земји влијаат во внатрешните политички разврски во Македонија. Не беше случајна посетата на Марк Руте во земјата пред гласање недоверба на владата, вели политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски во емисијата „Клик плус“.
Според него, на ова се должи и фактот што пратеникот Кастриот Реџепи работел во амбасадата на Холандија , што за Атанасоски, апсолутно имало влијание за случувањата во Собранието.
Во однос на македонско-бугарските односи, Атанасоски смета дека новата влада на Бугарија ќе има поблага реторика кон македонското прашање.
-Во Бугарија се случи пропаѓање на партиите кои го ставија ветото на Македонија, тука алудирам на ВМРО, чиј лидер си поднесе оставка, и тој е веќе политички мртов, рече Атанасоски.