Атанасов: Македонија со Охридскиот договор не ја направи грешката на БиХ со Дејтонскиот

од Nikola Popovski
214 прегледи

Поранешниот заменик-министер за образование и професор, Петар Атанасов смета дека Македонија треба многу да внимава како земја за да не стане како Босна и Херцеговина.

-Имаме барања кои воопшто не се лесни и кои не можат преку ноќ да се променат. Една година професионално се бавам со анализа на две земји – Македонија и БиХ, пишувам различни текстови и подготвуваме голема студија. Дејтонскиот договор ја стави БиХ во слепа улица. Официјализирани се три конститутивни народи и ја замрзнаа дејтонска Босна. Ден денес они не знаат каде оди таа држава. Ние со Охридскиот договор и оние што ни помагаа не ја направивме таа грешка. Државата преживеа, остана унитарна и не понудивме револуционерни решенија базирана на етничка основа. Сепак, година за година, некако желба да се направи нов упад во тие етнички барања.. Многу ми е страв да не заличиме на БиХ и да не влеземе во босанското сценарио. Не смееме да станеме Босна. Босанскиот модел ден денес не можат да го решат. За среќа изградивме модел кој некако функционира , вели Атанасов во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини