Атанасов: Македонија и Албанија да влезат во ЕУ што е можно поскоро

од Берта Китинска
355 прегледи

Ние сме за тоа Северна Македонија и Албанија да влезат во ЕУ што е можно поскоро, изјави лидерот на бугарската партија Демократи за силна Бугарија (ДСБ), Атанас Атанасов.

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека руски агенти работеле против добрите односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, Атанасов за телевизијата бТВ нагласи дека руските служби работат со полн капацитет во сите земји во регионот за да ги спречат државите од Западен Балкан да влезат во ЕУ.

– Треба да се размислува рационално – ние сме за тоа Македонија и Албанија да влезат во ЕУ што е можно поскоро, додаде Атанасов, чија ДСБ е дел од блокот Демократска Бугарија, една од членките на бугарската владина коалиција.

Слични содржини