Атанасов планира да создаде нова политичка партија

од Nikola Popovski
391 прегледи

Поранешниот заменик-министер за образование и долгогодишен член на СДСМ, Петар Атанасов, има намера да создаде нова партија на македонската политичка сцена. Според него, оваа нова политичка сила не би се базирала на поранешни незадоволни членови.

-Сакам да формирам нова политичка партија, политичко движење со луѓе блиски до мене. Тоа секако треба да развие една активност, а понатаму тоа како ќе оди не знаел во моментов. Мислам дека граѓаните и државата чувствуваат потреба од една политичка сила која ќе понуди нешто различно од овие 3 големи партии, кои 30 години владеат, а ние живееме се полошо, вели Атанасов во изјава за ТВ Канал 5.

Поранешниот заменик-министер не открива информации кои имиња ќе бидат дел од неговиот тим.

-Со мене работи еден тим, кој е расположен да понуди нешто ново на политичката сцена во овој политички хабитус. Сакам да се дружам со луѓе и да понудам опција на позитивни луѓе со идеи и што сакаат промени во државата, констатира Атанасов.

Слични содржини