Универзитетски професор Петар Атанасов вели дека очекува Ковачевски да биде следниот лидер на СДСМ и иден премиер оти ја има поддршката на врвот на партијата, сеедно што се оди на општи партиски избори.
-Луѓето во СДСМ не се променија. Останаа истите луѓе. Постојано се кажуваат истите реченици и не остава надеж дека нешто ќе се промени. Демагошките говори повеќе не поминуваат, вели Атанасов во Утрински Брифинг.
Според него потребна е нова политичка сила во Македонија.
Спасот на Македонија е трета политичка сила која ќе прерасне во политичка партија што ќе понуди реални промени веднаш по доаѓањето на власт. Ниедна партија досега не успеа да стане трета, вели Атанасов и додава дека тој работи на таа нова политичка сила која ќе работи во интерес на граѓаните.