Атанасов: Сведоци сме на раѓање на нова политичка сила која овој народ ќе го поведе во подобро живеење

од Vladimir Zorba

Поранешниот заменик министер за образование и наука, професорот Петар Атанасов вечерва од населеното место Пожарно во Куманово, во населеното место на кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски порача дека концептот „За наше Куманово“ е концептот за победа.

„Ова е процес којшто никој не може да го спречи. Максим Димитриевски го познавам повеќе од 8 години. Со него секогаш знаеш на што си. Бескомпромисен, другар, борец. Семеен човек и секогаш ќе биде до тебе кога е потребно. Ова што Максим, Ивана и сите вие го направивте овие денови не е мала работа. Оваа политичка енергија што вие ја генерирате ја чувствува цела Македонија. Да може оваа енергија да се прелее низ сите наши градови, за многу брзо ќе имаме голема политичка промена. Вашата борба е симбол за отпор против уште една истрошена политичка сила. Симболот на борба против партиски послушници, кој Максим го прогласија за партиски непослушник. Еј, цела една партија се дигнала против еден поединец. Па што направил овој човек? Мора да направил нешто многу големо. Четири години направи се што можеше за Куманово. Создаде тим од млади луѓе кои се насмеани и се желни за политичка битка да го водат овој град и да го направат уште подобар“, потенцираше Атанасов.

Петар Атанасов посочи дека сме сведоци на раѓање на нова политичка сила која овој народ ќе го поведе во подобро живеење.

„Оваа нова политичка сила ќе направи многу промени затоа што не може повеќе вака. Ние треба да работиме од граѓаните и за граѓаните. Нема друга дефиниција. Искрено се надевам овој тим да генерира политичка енергија и покрај успешните проекти кои се најавуваат во инфраструктурата, образованието, културата, спортот итн. Мора да се генерира општествена енергија и да се овозможат ресурси за да се дадат можност на младите луѓе да направат промена и да останат тука за заеднички да ја градиме нашата држава. Потребна ни е победа на 17-ти
октомври уште во првиот круг. Во политиката две нешта се најважни – храброста и идеологијата. Кај Максим ги имате и двете. Мора да си храбар и да носиш идеологија. Затоа во недела гласајте за ваше Куманово и за наша Македонија!“, истакна Атанасов.

Слични содржини