Атанасов: Веднаш да престане злоупотребата на ученици за партиски цели

од desk2
73 прегледи

Остра осуда до повиците до ученици да се бојкотира наставата заради протестите во последниве денови, изрече денеска Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование на СДСМ.

– Оние кои злоупотребуваат деца и ученици, за лични, партиски, криминални агенди, многу брзо ќе се соочат со законот и ќе одговараат. Недозволиво е да се повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Тоа е кривично дело! – рече тој.
Атанасов побара раководствата на училиштата да ги заштитат учениците и да не дозволат никој да манипулира и да ги злоупотребува за партиски цели.

– И учениците и родителите имаат право да се чувствуваат безбедни, без какви било притисоци за време на училишниот ден и потоа рече тој.