Секогаш опозицијата во актуенел политички момент била фрустрирана, бидејќи Собранието место да биде храм на демократијата, тој функционира како гласачка машинерија на владеачките партии без да се слушне гласот на опозицијата и покрај тоа што таа е презентирана од стотици илјади граѓани. Политичката култура на елитите постојано опозицијата ја екскомуницираше. Од таа гледна точка во опозицијата се раѓаат фрустрации дека нивните пратеници се само декор и поради тоа се овие блокади, рече политикологот Благојче Атанасовски во емисијата „Само вистина“.
Според него, не знае колкав е капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ во моментов и дали ќе има сила во летните месеци Мицкоски да издејствува масовни протести.
-Тоа ќе видиме во наредните месеци и дали ќе дојде до поширок граѓански фронт. Ќе треба да бара поддршка од албанските политички партии. Алтернатива не ги поддржува во моментов, не им одговараат избори. Ќе видиме дали опозицискиот лидер ќе има сили да предводи натпартиски фронт, во кој ќе влезат луѓе од разни сфери на општестовото за да притисне за предвремени избори, појасни Атанасовски.