Атанасоски: Власта и опозицијата да седнат на заедничка маса и да дадат нов имиџ за славење на Илинден

од Nikola Popovski
254 прегледи

Треба власта и опозицијата да седнат на заедничка маса и да дадат нов имиџ во јавнста за славење на Илинден и да дадат нов почеток. Тоа е одлика на политичката култура. За жал, не гледам дека има таква волја. Гледаме постојано дека се поларизира македонската политичка сцена и не се закопуваат секирите. Гледаме дека во изминатите 30 години не влечеме поуки и си тераме по старо и ги употребуваме истите реторики за прослава на Илинден, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски околу прославата на празникот Илинден.

Според него, би биле многу наивни дека со една реторика за повикување на помирување, тоа може да се смени преку ноќ.

-Тоа е еден процес. Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати говор на заедништво дека оваа држава е заедничка на сите граѓани за најважните историски настани. Трагедијата е има напредок во тоа надетничко славење на Илинден, а од друга страна имаме поголем проблем во помирување меѓу симптизерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додаде Атанасоски.

Појасни дека е поборник околу расчистување на тоталитарното минато на Македонија.

-Сметам дека Југославија дала многу за македонската државност, но има и црна страна на нашето живеење во таа заедничка држава, а тоа е комунистичката тајна полиција. Тука подлежат тие тајни полициски досиеја, за кои ние како држава не постигнавме општествен консензус, изјави аналитичарот во вестите на „Сител“.

Слични содржини