Атанасовски за 27-ми април: Обвинението против мене е парадокс, не ми дадоа да споделам класифицирани информации

од Nikola Popovski
461 прегледи

„Обвинението против мене е парадокс. Ме обвинуваат од позиција на директор на УБК, од позиција на носител на државна тајна“, вака во завршните зборови се изјасни ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, за судскиот случај „Организатори на 27 април“.

Според него, од друга страна, правосудните органи не му дозволиле со исто оружје да се брани.

„Ме обвинуваат за позицијата директор на УБК. Најискрено жалам за тоа што се случи, за жртвите, но и со цела држава. Сепак, јас ниту сум организирал, ниту сум придонел да се случат овие настани. Не ми дадоа да споделам класифицирани информации“, изјави Атанасовски.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомнични Атанасовски за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатогодишните рочишта на судењето за настаните од 27 април, некои од обвинетите го посочија како организатор на насилниот упад во Собранието, заедно со други лица.

Владимир Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата замина тогашниот директор, Сашо Мијалков, кој пак, два дена пред Нова година беше пуштен во куќен притвор.

Слични содржини