Црвенковски и Груевски се најодговорните политичари за состојбата во која сме сега, вели во своотј коментар Благојче Атанасовски, политички аналитичар во Студио 10 на ТВ24.
-Бранко Црвенковски по 2013 година само едно писмо пушти, во овие 8 години се појавува како Халеева комета еднаш на 76 години , а тој еднаш на 76 месеци, не знам која е неговата политичка позадина со вакви високи тонови кон своите сопартијци затоа што тоа се поклопи со почетокот на кампањата за локалните избори. Тој во три наврати беше премиер на Македонија и еднаш беше претседател на државата. Црвенковски и Груевски се најодговорните политичари за состојбата во која сме сега. Пршањето е кога овие сосотојби биле подобри во изминативе 30 години кои Црвенковски ги потенцираше дека тие ќе довдат балонот да пукне. Да сте морален ментор и ориентир е дегутантно, безобразно е затоа што тој не е аналитичар или новинар, тој носи вина за тие состојби, вели Атанасовски.