Aтентаторот од Копенхаген се заколнал во верност пред лидерот на Исламската држава недела пред нападот

од desk3
108 прегледи

Мажот осомничен за извршување на атентатот во Копенхаген, се заколнал во верност на лидерот на “Исламска држава” Абу Бакр ал-Багдади преку Фејсбук. Тоа се случило седмицa пред Омар Абдел Хамид ел-Хусеин да убие две лица во данската престолнина, соопштува CNN.

На ѕидот на Фејсбук Омар е напишано дека се колне на “верност на Абу Бакр преку покорност во добро и зло”. “И никогаш нема да ги повлечам зборот, освен ако не станува збор за жесток безбожен недостаток на вера”, објавил тој.

Полицијата се уште не го идентификува официјално човекот кој пукаше во кафуле и синагога во Копенхаген и уби две лица. Омар Абдел Хамид ел-Хусеин уште се води само за осомничен.

Омар може да прифатил радикални ставови за време на престојот во затвор, каде што до пред две недели издржувал казна за напад врз маж. Според запознаен извор, вработените во затворот забележале “алармантни сигнали” во однесувањето на Хусеин и ги споделиле своите искуства со Агенцијата за борба против тероризмот. Тоа се случило додека Хусеин се наоѓал во притвор во очекување на пресудата. Не се знае дали судот го зел предвид предупредувањето на вработените во затворот.