506
Вендел Пирс е докажан холивудски актер кој зад себе има голем број филмски и телевизиски улоги. Тој е само уште едно од многуте имиња кои се воодушевени од Атиџе Муратова, која полека ги освојува сите.
Пирс глумеше во серијата „Suits“, каде ѝ беше татко на Рејчел Зејн, која како што паметиме, ја глумеше токму Меган Маркл. Него го гледавме и во филмовите „Tom Clancy’s Jack Ryan“, „Waiting to Exhale“, но и во „Malcolm X“, „Ray“ и „Selma“.
„Таа го заслужува сето внимание кое го добива. Ослободување. Таа е слободна. Благословена од Господ. Ова е награда за целата нејзина грижа за мајка ѝ“, напиша Пирс на Твитер.