Одлуката на Грција сите патници кои сакаат да влезат во таа земја мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, ќе биде привремена и ќе важи само за време на божиќните празници, објаснија денеска претставници на грчката влада.
Од недела, 19 декември, сите патници кои сакаат да влезат во Грција ќе треба да направат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, а тестот ќе треба да го направат и оние кои се вакцинирани.
Сојот омикрон на коронавирусот е откриен во 77 земји откако за прв пат беше идентификуван пред три недели, што предизвика загриженост во многу земји дека бројните мутации на сојот ќе му помогнат на вирусот да се шири побрзо.