165
Портпаролот на грчката влада Јоанис Оиконому денеска на прес-конференција изјави дека „владата начелно не се согласува со предлогот на Европската комисија за намалување на потрошувачката на природен гас за 15 отсто“.
„Ги презентиравме нашите предлози и продолжуваме да тврдиме дека тоа е насоката што може да донесе решенија“, рече Оиконому, објави весникот „Екатимерини“, без да објасни за какви предлози се работи.
„Грција, како и неколку европски земји, се спротивставува на предлогот на Комисијата за задолжително намалување на потрошувачката на природен гас за 15 отсто, во случај на целосно прекинување на испораките од Русија“, нагласи министерот за енергетика.