Атина "запллака": Притисокот од ЕЦБ врз Грција е политички

од desk3
94 прегледи

Банкарскиот систем на Грција гарантира со ликвидност и финансирање и нема основа за загриженост поради одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да го запре кредитирањето на земјата.

tsipras-met-with-uniformed-staff-representatives.w_hr

Тоа го изјави владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис, цитиран од сајт њуз.ин.

Сакерларидис го опиша како “политички” притисокот на ЕЦБ и додаде дека овој притисок нема да има економски ефект. “Ние не уценаваме, но и не треба да бидеме уценувани”, рече портпаролот.

Пред телевизискиот канал Мега владиниот портпарол истакна дека Грција не сака да дојде до колапс на односите со партнерите и дека владејачката коалиција има добри намери за постигнување на заемно решение на проблемот.

Тој појасни дека консултациите за новата влада се водат врз основа на мандатот кој му е даден од грчкиот народ на изборите на 25 јануари.

Сепак, потребно е да престане бесмислената политика на рестрикции и штедење во Европа, која повторно ја потхранува кризата, посочи портпаролот.

Запрашан да ја коментира информавијата, според која доверителите на Грција побараа писмени гаранции со потписот на премиерот Алексис Ципрас, дека ќе бидат исполнети обврските владиниот портпарол негираше, велејќи дека нема такво барање.

Во врска со привремениот договор што кабинетот Ципрас го сака, за да има време да го претстави четиригодишниот план за реформи на своите партнери, Сакеларидис посочи дека таков договор е неопходен, бидејќи во рамките на овој временски интервал Владата ќе има можност де факто да преговара со партнерите и да даде докази за намери, претежно што се однесува до реализација на реформите.