Фудбалскиот клуб Атлас синоќа по 70 години чекање стана шампион на Мексико, откако по пенали го победи Леон.
По поразот од 3:2 во првиот натпревар, Атлас го совлада Леон на домашен терен во Гвадалахара со голот на Алдо Роше во 55. минута, па натпреварот отиде во продолжение.
Победник немаше и по дополнителни 30 минути, па се беше решено со пенали во кои Атлас победи со 4:3 благодарение на колумбискиот голман Камил Варгас, кој одбрани два удари од белата точка.
Алтас на тој начин ја освои втората титула во историјата на клубот, прва по онаа во сезоната 1950/51.