176
Шпански Атлетико Мадрид го објави потписот на бразилското крило Самуел Лино од Жил Висенте.
Тимот од Мадрид за играчот ќе плати 6,5 милиони евра. 22-годишниот офанзивен играч минатата година забележа 13 гола и 5 асистенции на 37 натпревари додека неговиот тим заврши на петтото место во лигата.
Сè уште не е јасно дали 22-годишниот ќе патува со тимот на Диего Симеоне на предсезонски тренинзи во САД или ќе биде позајмен.
Лино игра на позицијата лево крило, а неговиот договор е до летото 2027 година.