213
Поранешниот играч за врска на Зенит и актуелен играч на Борусија Дортмунд, Аксел Витсел е блиску до преселба во Атлетико Мадрид.
Според новинарот Николо Шира, мадридскиот клуб е пред Олимпик Марсеј во трката за потписот на 33-годишниот фудбалер.
Шпанскиот клуб му понудил на Витсел договор до 2023 година со опција за уште една година со поголема плата.
Минатата сезона Витсел постигна два гола на 41 натпревар за Борусија во сите натпреварувања.
Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2022 година.