Атлетико му стави цена на Мората поради интересот на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората би можел да го чини Манчестер Јунајтед 35 милиони евра, објави Атлетик.

Напаѓачот ги помина последните две сезони на позајмица во Јувентус, но летово се врати во Ванда Метрополитано. Првично се веруваше дека „јорганџиите“ ќе се обидат што побрзо да се ослободат од него, но добрите игри на играчот во контролите ги сменија плановите на Диего Симеоне.

Неговиот договор со „црвено-белите“ е до 30 јуни 2023 година.

Од своја страна, раководството на „црвените ѓаволи“ итно бара напаѓач кој ќе обезбеди дополнителна опција за Ерик тен Хаг заедно со Кристијано Роналдо, кој очигледно ќе остане на „Олд Трафорд“.

Слични содржини