178
Атлетико Мадрид ја одби понудата на Манчестер Јунајтед за крилниот напаѓач Жоао Феликс.
Како што пренесуваат англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ понудиле 130 милиони евра за 22-годишниот Португалец.
Атлетико го донесе Феликс од Бенфика во 2019 година за 127 милиони евра, а откупната клаузула во договорот е 350 милиони.
На премиерата на новата сезона во шпанската Ла Лига, Феликс забележа три асистенции во победата на Атлетико над Хетафе од 3:0.
Минатата сезона постигна 10 гола со 6 асистенции на 35 натпревари, а вкупно за Атлетико одигра 112 натпревари на кои постигна 29 гола со 18 асистенции.