Атлетико пропушти победа против Барселона – Симеоне: „Тие имаа среќа!“

од Даниел Ѓорѓиевски
20 прегледи

Атлетико Мадрид претрпе болен пораз на свој терен од Барселона со 2:4, иако водеше со 2:0 до 70. минута.

По натпреварот, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, го искажа својот став за пресвртот, истакнувајќи дека неговиот тим дал сè од себе, но каталонците искористиле еден момент за враќање во игра.

„Противникот имаше многу среќа. Не можам да барам повеќе од моите фудбалери. Игравме одлично, но Барселона ја искористи својата шанса и тоа им донесе дополнителна самодоверба. Потоа се случи тоа што се случи,“ изјави Симеоне за „Марка“.

Тренерот потенцираше дека не станува збор за замор кај неговите играчи, туку за мали детали кои ја направиле разликата.

„Џулијан играше иако имаше температура, Де Пол даде максимум. Ни треба само завршниот чекор. Ќе се бориме до крај“, додаде тој.

Со оваа победа, Барселона се искачи на врвот на табелата во Ла Лига со 60 бодови, исто колку и Реал Мадрид. Атлетико Мадрид останува на третото место со 56 бодови.

Слични содржини