Aтомска војна

од Vladimir Zorba
875 прегледи

Господинот некогашен премиер Љубчо Георгиевски, а сегашен лидер на ВМРО (народњаците), ја обвинува за летаргичност, несериозност и задреманост сегашната македонска влада, која, според негови високоморални анализи, го преспива катаклизмичниот развој на глобалната политичка сцена. На врата ни тропала трета трета светска војна, а тие во спокојно лудило ги дигнале сите четири во вис.

bosko nacevski

Според Георгиевски, во вакви услови, требало да се зголемат резервите од горива, храна, хигиенски материјал и секако, притоа, да не се дигало паника, туку на народот да им се раскажувале идилични пајки, да им се пеат ,,приспивни,, песнички, веројатно нешто од репертоарот наменет за децата во колевки. Се мајтапи ли овој Љубчо со нашата сиромаштоја или дотолку ги затемнил окалките па не ја гледа оваа македонска социјална трагедија.

Според стандардот, ние сме одмна во некоја исцрпувачка војна. Немаме дури ни физички сили за да си ископме засолништа во дворовите, од кои многу се напуштени и испустени, зашто пред да не стрефи првиот непријателски удар, народот ни се разбега по туѓински светови. За разлика од некои дрги држави, кои драгиот ,,вожд,, поименично ги соопштува, кои веќе презеле одредени одбранбени активности за спас од заканат на атомските удари, нашите функционери хрчат во длабок сон. А што би можеле како превентива против таа светска воена катаклизна да сториме ние, простосмртните, освен да ги санираме крпениците на скудната гардероба која ни ги покрива задниците.

Можеме да го проретчиме одењето во козметичките салони и фитнес клубовите. Нема да летаме за бакарен тен на лицата на Малдиви и Канарските Острови. Јахтите ќе ги засолниме во безбедни марини. Гас-маски не ни се потребни, зашто навикнати сме на бојните отрови од нашата опкружувачка воздушна маса. И како трето или десетто, ние си го познаваме непријателот. Му ги знаеме сите ,,финти,, на војување. Напаѓа и странично и фронтално. Домашен е. Комшивски. Братски… Му ја препознаваме и униформата. Дешифрирани им се и симболите на неа. И знамето на кое има црна боја, што плаши. Ама се наши. Не ни се загатка и неговите крајни цели.

Туку, да го прашаме Љубчо, колку подготвен него и неговите министерски шупелки ги затекна 2001-та, онаа герилска ,,шака јада,, која преку Танушевци од Косово се протна во Македонија. Место да испарат во мигот, тие им ги наполнија гаѓите и нему и на неговите одбранбени стратези, кои делуваа како гуски во магла. Не се мајтапи со народов господине бивши, зашто земјава ти и твоите наследници ја доведовте до питачки стап.За одбрана во рацете ни остана само тој.Дури атомската војна помалку не плаши отколку што е голема опасноста од апашите наши.Во цивилизираниот свет, се уште има разум. Од ова парче балканска земја и тој наш некогашен квалитет, почна безглаво да бега.

Бошко Нацевски

фејсбук статус