АТП ги ограничува играчите при одењето во тоалет?

од Nikola Popovski
291 прегледи

Здружението на професионални тенисери (АТП) има намера да ја ограничи паузата за играчите за да одат во тоалет за време на мечевите следната сезона, пренесува француската новинска агенција АФП.

Ограничувањата ќе се применуваат и квантитативно и временски. Според новите прописи, играчите ќе можат да паузираат за да одат во тоалет само еднаш во текот на мечот и само помеѓу два сета. Во тоалетите ќе можат да поминат најмногу три минути, а дополнителни две ќе послужат за пресоблекување.

Причината за ваквата промена е значителното зголемување и пролонгирање на паузите во тоалетот во последно време, што многумина го гледаат како нарушување на спортскиот дух, бидејќи тенисерите ја користат оваа пауза за да контактираат со тренерот или да најдат нови тактички решенија, додава „Франс прес“.

Како пример се наведува Гркот Стефанос Циципас, кој правел многу долги паузи за тоалет на УС Опен и Синсинати, како и првиот играч во светот Новак Ѓоковиќ, кој искористил две такви паузи кога заостанувал два сета зад противникот на овогодинешниот турнир Ролан Гарос.

Слични содржини