АТП конечно го прекина молкот: Го поддржаа Ѓоковиќ, но и го прозваа

од Nikola Popovski
399 прегледи

Асоцијацијата на тениски професионалци го прекина петдневниот молк за случајот со српскиот рекет Новак Ѓоковиќ.

Тенисерот беше ослободен од имиграцискиот притвор во понеделник наутро, со судска одлука, во кој уште од минатата недела беше задржан од австралиските власти.

Оттогаш АТП не се огласи и покрај притисокот од неколку тенисери.

Се шпекулираше дека тоа е поради тоа што оваа организација е во „војна“ со Новак поради конфликтот со ПТПА, „синдикатот“ што Ѓоковиќ го формираше пред година и пол.

Новак заврши во притвор откако доби медицинско ослободување, за да може да пристигне во Мелбурн, во одбрана на титулата на Австралија опен, без потврда за вакцинација против коронавирус.

Овој документ беше одобрен од австралиските власти и од Тениската федерација на таа земја, додека Новак не слета на аеродромот Туламарин.

„АТП целосно ги почитува жртвите направени од австралискиот народ од почетокот на пандемијата со Ковид-19 и строгите политики за движење. Компликациите од претходните денови поврзани со влезот на играчите во Австралија ја истакнаа потребата за појасно разбирање, комуникација и спроведување на законот“, се вели во соопштението на АТП.

Ова се однесува на фактот дека Новак побарал изземање врз основа на тоа што бил позитивен на коронавирус во претходните шест месеци.

Организаторите не реагираа и тоа им го објаснија на Новак и на останатите играчи, иако таа информација ја добија уште претходно од тамошниот министер за здравство Грег Хант.

 

Слични содржини