Атрактивната Гркинка пред 18 години победи на Евровизија, еве како изгледа денес (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
386 прегледи

Елена Папаризу беше победничка на Евровизија во 2005 година. Гркинката ја маѓепса Европа со својот атрактивен изглед и добриот глас, а нејзината песна и денес е голем хит.

Елена беше прогласена за најубава евровизиска натпреварувачка во 2005 година. Со долгата кафена коса и витката фигура успеа да ја освои публиката.

Гркинката и по Евровизија и победата што ја освои, како и популарноста што ја стекна, продолжи да се занимава со музика. Снимила дури десет албуми, а нејзините песни честопати биле преработувани од колеги од други земји на други јазици.

Таа беше во брак со менаџерот Тони Мавридис со кој помина 12 години. Сепак, таа врска заврши со развод кој со месеци беше главна тема на грчките медиуми.

Елена и денес се занимава со музика, а изгледот не го променила драстично.

Меѓутоа, бидејќи поминаа 18 години од нејзиниот настап на големата евровизиска сцена, многумина сега не би ја препознале.

Слични содржини