Не е се во изгледот, убавината е во очите на гледачот, сите луѓе се убави на свој начин… За човековата убавина се познати безброј изреки, ставови и фрази, а повеќето се согласуваат дека тоа е нешто многу субјективно.
Сепак, една студија на тема човечки изглед и здравје дојде до конкретни заклучоци и ја објасни врската помеѓу двата концепта. Карактеристиките кои традиционално се поврзуваат со привлечноста, како што се симетричното лице и светлите очи, може да бидат знаци дека телото подобро се бори против инфекциите, покажале тестови на крвта.
Истражувачите веруваат дека изгледот опишан на овој начин би можел да биде привлечен бидејќи нашиот мозок е програмиран да бара здрави партнери. Самер Менгелкоч, која ја водеше студијата на Универзитетот во Тексас Кристијан, рече: „Луѓето кои одат во барови сакајќи да разговараат со некој атрактивен честопати се отфрлени, се сметаат за плитки и им се кажува: „Не е се во изгледот. „Но тие всушност само ги следат своите инстинкти за да најдат висококвалитетен партнер“.
Студијата беше спроведена на 152 луѓе и беше објавена во Proceedings of the Royal Society B. Научниците фотографираа 152 млади возрасни без шминка и неутрални изрази на лицето. Потоа, 492 луѓе во онлајн анкетата беа замолени да го оценат нивото на привлечност кон луѓето од фотографиите.
Најзгодните мажи и најубавите жени, според оние од спротивниот пол кои рангирале по 25 фотографии за истражувањето, на крајот имале и поголема стапка на фагоцитоза, како што подоцна било откриено.
Фагоцитозата е процес со кој белите крвни зрнца апсорбираат и уништуваат бактерии пред лицето да се разболи.
Чистата кожа и светлите, широки очи укажуваат на добро здравје, бидејќи очите на болните луѓе имаат тенденција да стануваат потесни и потемни, сугерираат некои експерти. Исто така, важноста на црвените усни и розовите образи може да објасни зошто жените се склони кон шминкање.
Менгелкоч рече: „Со модерната медицина, инфекциите не се толку смртоносни како порано, па можеби е во ред ако луѓето ги намалат своите стандарди и почнат да им даваат можности на луѓето кои се помалку привлечни“, пишува Дејли Меил.