354
Аца Лукас пред неколку дена беше фатен како управува моторно возило под дејство на алкохол, а поради тоа беше казнет со парична казна, како и одземање на дозволата на 6 месеци, откако ќе му стигне решение за тоа.
Имајќи предвид дека сè уште му е дозволено да управува со возилото, тој синоќа бил фатен во уште еден прекршок, пренесува „Блиц“.
Лукас бил сопрен синоќа од полицијата околу 23.45 часот во Белград, бидејќи возел пребрзо.
„На Аца Лукас синоќа му беше измерена брзина од 113 километри на час, на пат каде што се дозволени 80 километри на час. Полицијата направила записник за прекршокот, но немало други прекршоци“, вели изворот од истрагата.