Ацевски ги повика институциите да утврдат дали имало прекршувања со битуменот

од Берта Китинска
159 прегледи

Директорот на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Костадин Ацевски денеска на прес-конференција ги отфрли како неосновани обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ и ги повика надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки за утврдување на евентуални прекршувања на законите.

– Од овој графички приказ можете да видите дека цената на сите останати трошоци во вкупната цена во договорот од 2022 година е со најнизок процент во однос на договорите за 2015, 2016 и 2017 година кога се движи меѓу 63 и 70 проценти, иако цените на дизел горивото тогаш биле двојно пониски, рече Ацевски.

Според Ацевски, поништувањето на постапката би довело до два и пол месеци неработа на претпријатието, загрозување на безбедноста во сообраќајот и неасфалтирање на 21 магистрален и регионален патен правец или над 70 километри патишта.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Антикорупциската комисија за набавката на битумен.

–Ацевски потпишал договор во којшто од тендер вреден 10 милиони евра, прифатил само за транспорт да плати 4,5 милиони евра, речиси половина од овој тендер се за транспорт. Во прилог на оваа претставка го поднесовме и договорот за јавната набавка, каде што се гледа методологијата, според која што има фиксен и променлив дел, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Слични содржини