Ацевски: Македонија и Бугарија покажаа дека е можно да се градат добрососедски односи на Балканот

од Nikola Popovski

Не се работи тука за држење во мрак, позициите наши се јасни. Потребно ни е брзо решение, но не избрзано решение. Од позициите утврдени во Резолуцијата во Собрание не отстапуваме. Сите добронамерни треба да помогнат и да дадеме поддршка во насока на постигнување на компромис, вели членот на ИО на СДСМ и поранешен пратеник, Костадин Ацевски во емисијата „24 анализа“.

Ацевски појаснува дека тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во последен период е евтин популизам.

-Ги кажавме црвени линии и кажавме што не се чепка, како македонскиот јазик и идентитет. Кога ќе има конкретно решение, ќе биде презентирано пред јавноста и ќе видиме дали ќе биде прифатливо или не. Не е делотворно да ставаме пречки и сопки на секој чекор од процесот. Видовме дека најтешко на Балканот е да се изградат добрососедски односи. Тешко е и за Германија и Франција, а не за Балканот. Конечно таа невозможна мисија стана возможна, имаме Берлински процес и Отворен Балкан, се решаваат долгогодишни проблеми, ако не и вековни. Сте за компромис со Бугарија или не?, констатира и го праша Ацевски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков.

Слични содржини