296
Државниот Завод за ревизија започна со ревизија на СЈО во делот на надоместоците што ги примале обвинителите и нивните соработници.
Три месеци ќе трае ревизијата, потоа Катица Јанева може да даде забелешки, а конечниот извештај се очекува до крај на јуни, вели директорот на Државниот Завод за ревизија, Максим Ацевски во интервју за Радио Слободна Европа.