Ацевски: ВМРО-ДПМНЕ сега сака да го промовира Гоце Делчев, а претходно ги славеше Тодор Александров и Ќосето

од Nikola Popovski
541 прегледи

Позитивно изненаден сум од ставот на ВМРО-ДПМНЕ и сакам да им честитам. Им требаше 150 години од раѓањето на Делчев и 32 години од основањето на партијата за да им текне дека револуционерот е еден од најголемите македонски синови, вели членот на ИО на СДСМ и директор на „Македонија пат“, Костадин Ацевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според Ацевски, „ВМРО-ДПМНЕ конечно дозна дека Делчев е еден од плејадата македонски дејци“.

-За разлика од Александров, Ќосето, Ванчо Михајлов, ликови кои ги промовираа и идеализираа во изминатиот период. Чудно е после 32 години да знаете кој е најголем македонски син, потенцира Ацевски.

Слични содржини