„Ауди“ излетал од автопатот „Пријателство“, повредени се две лица

од Берта Китинска
352 прегледи

На 10.12.2021 околу 21,35 часот на исклучок од автопатот „Пријателство“ за влез за Куманово патничко моторно возило „ауди“ со српска национална ознака управувано до М.Н.(32) од Р.Србија излетало од коловозот. Сопатниците А.В.(27) и М.В.(29) се пренесени во општа болница Куманово, каде кај А.В. се констатирани повреди а кај М.В. се констатирани тешки телесни повреди, информираат надлежните служби на МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.

Слични содржини