На денешната прес конференција ќе слушнете и ќе ви стане јасно колку навистина е сериозна ситуацијата во Македонија, дека си имаме работа со непресметливи луѓе во безбедносните служби и во власта на Груевски и дека тие се сериозна закана и за професионалците во полицијата и за безбедноста на граѓаните, изјави Заев на почетокот од објавувањето на т.н. бомба на опозицијата.
Во вториот сет разговори што ги објави Заев, според него се слушаат разговори меѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер од кои може да се чуе како разговараат за тоа како Протуѓер сакал да го убие Латас и дека работел за српски служби

8. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер
МП: Овој Латас ќе го убијам еден ден еве ја ти кажувам ако е мртов ја сум, треба бе едно десетина луѓе да се убијат во државава за да биде као што треба, после ќе каже не работел за служба српска, како не работи. Му реков еднаш не може никого да разубедиме дека не работиш за српска служба, по шо српска агенда тераш овдека и тоа е ..