„Songs of Experience“ е четиринаесетиот студиски албум на ирскиот рок бенд U2.
Тој беше објавен на 1 декември годинава, во продукција на Jacknife Lee и Ryan Tedder со Steve Lillywhite, Andy Barlow, Jolyon Thomas, Brent Kutzle, Paul Epworth, Danger Mouse, и Declan Gaffney.
Албумот се издава како придружно парче на претходната плоча на U2 од 2014 година „Songs of Innocence“. Додека претходно парче ја истражуваше адолецнецијата на членовите на бендот во 70-тите во Ирска, “песните од искуство“ се тематска колекција на писма напишани од вокалот на групата Боно, до луѓето кои се најблиски до неговото срце.
Личната природа на текстовите одразуваат “чувство на смртност“, кое тој го доживува за време на снимањето на албумот.
https://www.youtube.com/watch?v=xcbRqobh1-E