АВАЈА организираше Марш за правда

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Граѓанското движење АВАЈА одржа Марш за правда откако Основниот Кривичен Суд Скопје донесе пресуда за случајот на полициска бруталност во Битола со која обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен и е осуден на казна затвор од една година.

Протестот започна од пред Основниот Кривичен Суд Скопје, каде што Ремзи Медик, тим лидер на АВАЈА од Битола ја објасни голгота низ која поминаа жртвите на полициска бруталност од прибирање на здравствена документација по претепувањето и односот на здравствениот систем се до притисоците кои и се вршат на ромската заедница во Битола. Додека, Зера Аметова од АВАЈА ја поздрави одлуката на Основниот Кривичен Суд за донесената пресуда за една година казна затвор и побара Апелациониот Суд да ја потврди истата одлука и додаде дека полициските службеници не се имуни пред правдата и фактите.

Од Основниот Кривичен Суд Скопје протестот продолжи пред Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) каде што пред присутните се обрати, Селвије Мустафи која кажа дека денес сме тука пред ОЈО бидејќи веќе една година не е процесирана нашата кривична пријава против тројцата полицајци и упати јасна порака до ОЈО дека ја следиме нивната работа и бараме да се процесира нашата поднесена кривична пријава против тројцата полицајци. Марија Сулејманова, истакна дека, “денес Ромите се борат за своите права со тоа што е пропишано. Денес тука сме сите собрани во име на сите жртви на полициска бруталност, на сите оние кои молчеле, на сите оние кои се плашат да говорат јавно за насилството, на сите оние кои не ја добиле правдата во судските постапки и за сите оние кои и никогаш не стигнале да ја имаат можноста за судска постапкa”.

Во овој период паралелно се води постапка против жртвите во Битола за напад на службено лице. не може и не смее обвинителството во Битола да биде побрзо во процесирање на вакви пријави бидејќи во ова јавно обвинителство пред кое што сме денес, формирано е посебно одделение за гонење на полицајци кое што сеуште не е ефикасно. Од АВАЈА побараа итно процесирање на овој предмет.

Слични содржини