Аваја со опомена пред тужба против Самка Ибраимовски

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Политичката партија Аваја поднесе опомена пред тужба против лидерот на партијата ПЦЕР, Самка Ибраимовски заради изнесени невистини, лаги, обвинувања и обид за дискредитација преку социјалните мрежи.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман бара јавно извинување од Ибраимовски, затоа што изнел дезинформации, лаги, манипулации и ширел страв.

„Објавата од Вашиот профил на фејсбук мрежата, без никаков доказ и прикачен документ се коси со слободата на изразување и мислење, бидејки го направивте на осмислен начин да нанесете штета на Партијата. Оваа објава директно го засега интегритетот и чесноста на сите членови на Аваја, којашто котира одлична кај Ромската заедница и пошироко во општеството. Затоа бараме јавно да се извините од вашиот профил на социјалните мрежи, на Политичката партија Аваја и на нејзиниото членство за објавените невистини и лаги во наредните 7 дена“, се обрати Кариман кон претседателот на ПЦЕР.

Во спротивно, Авајаќе поднесе тужба за клевета и навреда против Ибраимовски.

Прва иницијатива на новите пратеници на Аваја во Собраниетоќе биде преиспитување на финансирањето на политичките партии во изминатите 20 години.

Слични содржини