„Аваја“: Вo медиумскиот простор не смеат да се истакнуваат информации кои таргетираат цела етничка заедница

од Берта Китинска

Граѓанското движење Аваја остро реагира на јавното информирање на порталите кои вклучуваат јавно етикетирање на ромската етничка заедница.

-Оваа јавна реакција се однесува конкретно на објава од страна на infomax.mk во која овој портал информира од свои извори, без конкретни информации за “Пукање во Кочани” при што се наведува дека настанот бил последица од зачестени кражби од страна на ромското население. Овој портал известува дека “Ром бил фатен на лице место како краде за време на полициски час” (https://infomax.mk/wp/ja-%d0%bfpe%d0%b7%d0%b5%d0%bb%d0%b5-%d0%bfpa%d0%b2%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b2o-c%d0%b2o%d0%b8-pa%d1%86%d0%b5-%d0%bfyk%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b2%d0%be-ko%d1%87%d0%b0%d0%bd%d0%b8/?fbclid=IwAR11pDKLdIbJqZgLuBoqYikzTfy3ffxfVVeM9pWf4cgmbTbNuJBQP-88FY8).

Бидејќи насловот на информацијата е “Ја презеле правдата во свои раце”, Аваја истакнува дека никој не смее да ја преземе правдата во свои раце. За правдата постојат надлежни институции кои треба да се информираат за настанот и соодветно да реагираат, велат од граѓанското движење.

Оттаму потсетуваат дека согласно Етичкиот Кодекс на новинари, новинарите треба да објавуваат точни и проверени информации, без користење говор на омраза и поттикнување на дискриминација.

-Упатуваме апел до сите медиуми дека информирањето за вакви настани не смее да биде поврзано со истакнување на етничка припадност. Ваквиот пристап на информирање поттикнува говор на омраза и штети на ромската заедница. Ваквиот пристап на информирањето е непрофесионален, базиран на неофицијални информации без притоа оваа вест да биде потврдена од страна на надлежните органи.

Граѓанското движење Аваја истакнува дека во медиумскиот простор не смеат да се истакнуваат информации кои таргетираат цела етничка заедница. Со таквиот пристап на информирање се создава простор за ширење говор на омраза и се поттикнува наративот на говорот на омраза кон ромската заедница што во нашето општество е забрането.

Очекуваме и бараме оваа информација, во однос на етничката припадност да биде тргната од порталот. Очекуваме медиумите и надлежните органи да ги преземат сите потребни мерки и да спречат ескалирање на случајот, велат од Аваја.

„Ja пpeзеле пpaвдата вo cвoи paце“: Пykање во Koчани четвopица повpeдени

Слични содржини