Едногодишен австралиски овчар направил епско патување од преку 241 километар преку замрзнатото Берингово Море, преживеал каснување од фока или поларна мечка пред безбедно да се врати во својот дом на Алјаска, пишува АП.
Кучето Нанук исчезна кога неговата сопственичка Менди Ајвориган, која живее во Гамбел, Алјаска, минатиот месец со семејството го посетила островот Сент Лоренс во Беринговиот теснец, објави „Енкориџ дејли њуз“.
По исчезнувањето на кучето, семејството објавило фотографии на интернет со надеж дека некој можеби го видел. Околу еден месец по неговото исчезнување, таа вели дека нејзиниот татко и испратил фотографија од куче кое личи на нејзиното во Велс.
Them dogs from st lawrence island have evolved to a different breed of dawg no joke pic.twitter.com/B4GbcxCFGj
— Nalaġuzruaq 🦭❄️ (@nalaguzruaq) April 7, 2023
„Тато ми испрати порака и ми рече дека има куче што личи на Нанук во Велс. Повторно го активирав Фејсбук и дознавме дека е тој“, рече таа.
Неговото патување за време на неговото исчезнување ќе остане мистерија за сите.
„Немам поим како завршил во Велс. Прилично сум сигурна дека се хранел со остатоци од фоки. Можеби јадел птици. Тој е многу паметен“, додала таа.
Неговото семејство го снимило неговото враќање дома со видео.
Освен отечена нога – траги од каснување од неидентификувано животно – Нук, вели тој, е во прилично добра здравствена состојба.