„Авдијевка наскоро би можела да падне“: Зошто овој град е важен за Русите?

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот град Авдијевка, место каде со месеци се води жестока битка, наскоро би можела да падне, пишува Newsweek. Како што пренесуваат украинските Телеграм канали, ситуацијата за силите на Киев е се покритична, а руските војници напредуваат. Во октомври минатата година, Русија започна офанзива против населбата, која се смета за влез кон блискиот град Доњецк, окупиран од Русија.

Русија претрпе огромни загуби, било да е тоа во војници или опрема. Се зборуваше дека руските војници биле топовско месо бидејќи нивните команданти ги испраќале да гинат во бескрајни напади. Но, и покрај големите загуби, руските сили напредуваа малку по малку, а украински Телеграм канали сега признаваат дека градот е пред пад.

Ситуацијата е критична

Телеграмскиот канал Ukraine Fights во неделата објави дека „ситуацијата во градот станала критична“, додавајќи дека руски јуришни авиони влегле во градот од североисток и дека руските трупи ги заобиколиле украинските борбени формации и се зацврстиле во згради.

„Тоа значи дека тие се неколку стотици метри оддалечени од главната логистичка артерија на украинските бранители“, се наведува во публикацијата.

„Се одлучува за судбината на Авдијевка“

Телеграм каналот Butusov Plus објави дека се водат улични борби во северното предградие на Авдијевка, каде навлегле руски единици. Украинската 110-та механизирана бригада и придружните единици се борат против голем број руски војници, кои постојано се засилуваат.

„На Авдијевка итно ѝ се потребни свежи резерви и ротација на единиците на херојската 110-та бригада“, се наведува во изданието, додавајќи дека е потребна и муниција и дека ситуацијата е критична. Во овие моменти, „се одлучува за судбината на Авдијевка“.

Слични содржини