Терористичката организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за експлозијата на автомобил-бомба во која загина началникот на локалната полиција во Авганистан.
Регионалниот огранок на ИД, познат како Исламска држава во провинцијата Хорасан, ги зголеми своите напади откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август минатата година, пренесе АП.
Шефот на полицијата на североисточната провинција Бадакшан, Абдулхак Абу Омар, беше убиен во понеделник наутро кога бомба експлодираше во близина на неговото седиште.