Авганистан му понуди на САД да инвестираат милијарди во наоѓалиштата на литиум

од desk2
94 прегледи

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани му понуди на американскиот колега Доналд Трамп да инвестира во значителните минерални наоѓалишта на земјата и со тоа да го задржи вниманието на Вашингтон и посветеноста кон нејзината безбедност, тврди “Политико”.

Претставници на авганистанските власти тврдат дека Трамп изгледа ја послушал понудата. “Политико” го цитира амбасадорот на земјата во САД Хамдула Мохиб, кој вели: “Ова е првата администрација фокусирана на економскиот потенцијал на Авганистан и ние тоа го претставивме”.

На почетокот на декември двајцата шефови на држави разговарале по телефон за минералните богатства на Авганистан, кои според истражувањата на Пентагон се проценувааат на 1 трилиони долари, пишува весникот.

Посебно внимание во истражувањето се посветува на наоѓалиштата на литиум, кои ги има во длабочините на земјата. Тоа е важен метал во производството на батерии кои се користат, од мобилните телефони и лаптопи до електричните автомобили. Друг документ на Пентагон од 2010 година заклучува дека Авганистан можеби некој ден според производството на литиум ќе го заземе местото што денес го има Саудиска Арабија во производството на нафта.

Додека авганистанските лидери се уште се борат со Талибанците, а во последно време и со “Исламска држава”, тие би сакале Трамп да ја гледанивната земја какоможност за бизнис, а не само како на скап потфат што го поттикна Трамп да го објави во ” Твитер “во 2013 година и дека Американците треба да се повлечат веднаш.

Безбедноста во земјата не се подобрува – минатата среда имаше напад врз воената болница во Кабул при што загинаа 30 лица.

Ресурсите на земјата сепак “можат да му помогнат на Трамп да пронајде различен мотив за ангажман во Авганистан”, тврди извор, кој работел во администрацијата на Барак Обама. Претставник на Советот за национална безбедност на Трамп пак тврди дека како “динамичен и ориентиран кон резултати претседател кој е од бизнис светот тој ќе гледа на сите со нови очи.”

Досега американскиот претседател ретко го коментирал Авганистан, но во последните години постојано ги критикувал американските напори таму. Воената помош дадена само за минатата година, изнесува 3,8 милијарди. Долари.

Од 2013 година позицијата на Трамп за Авганистан претрпува промени. Во интервју за “Фокс њуз” минатиот април тој изрази мислењето дека земјата е важна, бидејќи во соседен Пакистан “има нуклеарно оружје”. Неколку месеци подоцна изјави за Ен-Би-Си: “Никој не го знаеше тоа, но Авганистан е многу богат со минерали.”

За Трамп не остануваат незабележани и активностите на Кина во Авганистан, откако кинеската компанија инвестира 3 милијарди долари во рудник на бакар, кој е отворена во 2008 година. Американскиот претседател за сајт Infowars вели: “Додека ние се бориме, Кина ги зема сите минерали.”

Според други извори, сепак литиум во Авганистан е само оживеан митот за Елдорадо – грижи за безбедноста, лошото управување, корупцијата и недостатокот патна и железничка инфраструктура се дел од факторите кои би ја спречиле земјата да се развие моќна индустрија, забележува “Политико”.

Според Сара Чејс, експерт за Авганистан и поранешен советник на некогашниот претседател на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД адмирал Мајкл Мулен, колку повеќе односите меѓу Вашингтон и Кабул се базираат на ресурси, толку потешко ќе биде да се тврди дека американскиот ангажман во земјата нема колонијален карактер.

Во меѓувреме и други земји работат на бизнис предлози до Трамп – на пример јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој предложи да се создадат 700.000 нови работни места преку заеднички проекти. Европски дипломати зборуваат во Вашингтон за проекти за промовирање на прекуокеански трговија, а претставници на ирачките власти, исто така, се обидуваат да го насочи вниманието на Трамп кон нафтената индустрија на земјата – независно од коментарот од 2013 година.