224
Најмалку 35 лица загинаа, а 23 се повредени денеска во експлозија во верско училиште во провинцијата Саманган, на северот на Авганистан.
Според локални извори, повеќето од жртвите се ученици, пренесе ТАСС.
Не е познато кој стои зад смртоносната експлозија, објави „Ројтерс“.
Агенцијата потсетува дека талибанците рекоа дека се фокусирани на безбедноста откако ја презедоа власта минатата година, но дека во последните месеци имаше напади и дека терористичката Исламска држава ја презеде одговорноста за некои од нив.