Авганистан: Воениот авион на САД се урнал поради дефект на моторот

од Aleksandar Petrovski
194 прегледи

Авганистански официјални лица потврдија дека уривањето на американскиот воен авион Бомбардиер Е-11А што завчера се случи вo провинцијата Газин, Авганистан, се случило по техничка неисправност на моторот.

Галум Масум, директор на авганистанската Управа за цивилна авијација, за телевзијата 1ТВ изјави денеска дека авионот се урнал поради технички проблем – неисправен мотор.

Притоа, тој појасни дека вработените на управата „се наоѓале во постојана комуникација со пилотот на авионот од самиот почеток на појавата на проблемот и леталото го насочувавме кон најблискиот аеродром“. Диспечерската служба се надевала дека пилотот може да се приземји во аеродром во градот Шаран, но тој не успеал.

Како што претходно беше објавено, терористичката група Талибан уште истата ден кога се урна авионот соопшти дека тој бил погоден од нив и дека во него се наоѓале високи офицјални лица на Централната разузнавачка агенција на САД.

Меѓутоа, група американски војници која успеа да стигне до местото на несреќата ги нашла останките на само на двајца пилоти

Слични содржини