Авганистан: Војската на САД речиси го заврши повлекувањето

од Nikola Popovski
235 прегледи

Американската армија во вторникот објави дека скоро го заврши повлекувањето на своите трупи од Авганистан, каде авганистанските власти распоредија стотици провладини трупи и полиција за да се спротивстават на големата офанзива на талибанците на северот на земјата.

Американскиот претседател Џо Бајден во април објави дека сака да го заврши тоа повлекување до 20-годишнината од терористичкиот наста од 11-ти септември.

Повеќе од два месеци пред тој рок, американската армија веќе изврши повлекување „повеќе од 90 проценти“ од земјата, беше објавено.

Минатата недела американските сили и НАТО веќе ја напуштија воздушната база Баграм, најголемата во Авганистан. Сместена на 50 километри северно од Кабул, тој беше центар на нивните операции од почетокот на воената интервенција започната по настаните од 11-ти септември 2001 година.

И Белата куќа во петокот прецизираше дека последните американски трупи ќе ја напуштат територијата на Авганистан до крајот на август.

Од вторникот беснеат судири во неколку авганистански провинции, а бунтовниците окупираа десетици окрузи на северот на земјата откако САД започнаа да ги повлекуваат своите трупи во мај.

Франција во вторникот изрази „длабока загриженост во врска со ситуацијата и последиците по стабилноста на регионот“.

Авганистанската влада, соочена со загрижувачки напредок на талибанците на северот на земјата, одлучи да ги испрати своите сили таму за да се подготват за контраофанзива.

Брзината и леснотијата со кои бунтовниците ги окупираа тие провинции им нанесоа тежок удар на авганистанските власти.

Слични содржини