Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја предаде власта на преодната влада.
Всушност, овој потег го означува предавањето на Кабул на талибанците.
Талибанците преговараа со Гани во претседателската палата.
Претседател на преодната влада ќе биде поранешниот министер за внатрешни работи, Али Ахмад Џалали.
За помалку од еден ден, талибанците ја презедоа власта во Кабул без употреба на сила по 20-годишната американска воена кампања во земјата.